Жерар Пике бурно реагирал на интервјуто на Шакира за причините за раскинувањето на нивната врска, тврди извор за шпанските медиуми.
Имено, нејзините изјави го налутија и тој верува дека таа ја глуми жртвата.
Сите што го познаваат знаат дека и кога ќе излезе и ќе испие една чаша повеќе, тој сепак останува одговорен во извршувањето на деловните задачи и се грижи за своето семејство“, рече тој.
“Тој ги носи своите деца на училиште, на воннаставни активности, патувања итн. Своето слободно време им го посветува целосно. Бесен е на Шакира бидејќи таа се претставува како некој кој ја запоставил кариерата за да се грижи за своите деца и да постави добра пример“, додаде тој.
Потсетуваме, Шакира неодамна во интервју за магазинот Elle, меѓу другото го кажа и следново:
“Можам само да кажам дека вложив се што имав во оваа врска и моето семејство. Пред моите деца да тргнат на училиште, водев номадски живот. Отсекогаш живеев како уметник, патувајќи без престан, одејќи во различни делови на светот , на турнеи, настапувајќи, промовирајќи се… Но, на крајот на 2014 година, знаев дека морам да ставам сè на втор план и да ја ставам кариерата во втора брзина. Знаев дека морам да се смирам, да “пуштам корени” во Барселона и да бидам тука за Милан и Џерард, а подоцна и за Саша“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.