Пилешко во бел сос

Идеален рецепт за сите коишто се почетници во кујната.
Потребни состојки:
1 кг пилешки стек
3 чешниња лук
Бело вино
3, 4 лажици брашно
200 мл павлака за готвење
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото на ленти. Наросете го исечканото месо со брашно. Ставете го во длабок сад и пржете го додека да добие убава боја.
Додајте бело вино и динстајте додека да се впие во месото. Додајте го сечканиот лук, продинстајте, додајте павлака за готвење и по потреба малку вода. Зачинете и варете уште неколку минути.
Може да го послужите месото со ориз, компири или паста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.