Потребни состојки:
-4 парчиња бело пилешко месо
-40 г брашно
-сол, бибер, по желба
Сос:
-100 г путер
-1 главица црвен кромид
-лук
-50 г грашок
-3 лажици сок од лимон
-сол, бибер
-бело вино
Начин на подготовка:
Исечете го месото на половина и секое парче израмнете го со чекан за месо. Подгответе го брашното и зачините, месото извалкајте го во смесата и пржете на средна температура во врело масло, околу 3 минути или додека месото не зарумени.
За сосот одвојте 50 г путер, стопете го на умерена температура во тава. Испржете го кромидот, па додадете го и лукот. Потоа додадете ги грашокот, лимоновиот сок и малку бело вино. Оставете месото и зеленчукот полека да се варат додека течноста на испари, околу пет минути.
Намалете ја температурата и додадете го преостанатиот путер додека целосно не се стопи. На крајот зачинете со сол и бибер.
Може да додадете и печурки, или да го послужите месото со пире.