Пинк отворено за зависностите: По предозирање на 16 години, за малку ќе умрев

Американската пејачка Пинк откри дека во 1995 година за малку ќе умрела од последици од предозирање. Таа отворено раскажа што довело до таа ситуација, само неколку недели пред да го потпише својот прв дискографски договор.

„Пораснав во куќа во која моите родители секој ден врескаа еден на друг, фрлаа работи… Се мразеа. Почнав да се дрогирам и да продавам дрога…“, изјави таа.

Таа објасни дека сето тоа довело до тоа родителите да ја избркаат од дома и да го напушти средното училиште.

„Бев на рејв и се предозирав. Земав екстази, ‘ангелска прашина’ и метамфетамин, а потоа се онесвестив. Беше премногу“, рече Пинк, потсетувајќи дека за малку ќе умрела на 16 години.

Блиската средба со смртта беше пресвртница во нејзиниот живот. Како што рече, никогаш потоа не користела тешки дроги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.