Состојки
500 г кори за пита
3 страка сецкан праз
2 јајца
250 мл јогурт
околу 50 г гриз
100 мл масло плус 2-3 лажици дополнително
сол и црн бибер по вкус
рендан кашкавал и сусам за одозгора
по желба може да ставите изварка или сирење во филот
Празот е идеален зеленчук за подготовка на различни видови пити. Без разлика дали ќе месите или користите готови кори – добиената пита ќе биде одлична поради заводливиот вкус на празот. Оваа пита е направена со готови кори и бев воодушевена од нејзината мекост, вкус и мирис. Останува мека и вкусна дури и следниот ден.
Подготовка
1. Прв фил- Измешајте ги маслото и јајцата во 250 мл јогурт.
2. Втор фил- Измијте го, излупете го и исечкајте го празот. Додадете сол, бибер и ставете да се пржи во тава на малку масло додека не омекне празот.
3. Тавата за печење премачкајте ја со масло(ако користите Делимано тави не треба да премачкувате), ставете една кора, попрскајте масло, ставете ја втората кора, премачкајте со мешавината од јогурт, додадете трета кора, премачкајте ја со јогурт мешавина и ставете ја четвртата кора. Ставете од филот од праз над четвртиот слој и посипете гриз. Потоа повторно, ставете еден слој, ставете мешавина од јогурт, додадете втор слој, повторно додадете јогурт, па на третиот слој додадете праз и гриз и така сè додека не ги завршите сите кори. Исечете ја питата на парчиња, премачкајте одозгора ако остане малку смеса од јогурт, ако не, посипете многу малку масло и оставете ја питата да стои околу 20 минути. Колку фил од праз да ставите на секоја четврта кора ќе зависи од бројот на корите.
4. Одозгора додадов семе од сусам и рендан кашкавал пред печење. Загрејте ја рерната на 200 Ц и печете додека не добие убава боја како на сликата, приближно 30 минути.
Послужете со јогурт или кефир.