Пита со шампињони и праз!

Доколку немате доволно време за обилни оброци и подготовки, оваа вкусна пита ќе ве воодушеви.
Состојки:
Кора – домашна
Маслиново масло
Пакување печурки
Праз
Сол
Бибер
Босилек
3 јајца
Подготовка:
Во тава пропржете кромид и печурки, а потоа додадете босилек и зачини. Во длабок сад измешајте три изматени јајца и готовата смеса. Подмачкајте го плехот за печење и наредете ред кори, ред фил, сè додека имате состојки. На крај, премачкајте со малку маслиново масло и печете 30 минути на 180 степени.
Може да ја јадете питата со свежо кисело млеко или кефир.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.