Дали припаѓате во онаа група луѓе кои кога ќе видат печиво, чоколадо или колачи пред себе, не можат да одолеат? Тоа може да биде знак на компулсивност.
За многумина, тежината и изгледот се најважни, посебно за жените, но и покрај тоа, некогаш е многу тешко да се одолее на некоја храна, бидејќи „зависноста“ кон неа е преголема.
Дури и ако сте свесни дека тоа не е добро за вашата тежина, фигура, па и здравје, сепак не можете да одолеете и јадете.
Но, дали е можно да се надмине желбата за јадење на храна која не ви годи?
Храната која содржи брашно и шеќери е онаа кон која луѓето најмногу чувствуваат привлечност кога бираат што да јадат.
Иако консумирањето на оваа храна е нормално, сепак некогаш може да стане компулсивно, а тоа се случува заради недостаток на серотонин (кој влијае на среќата и задоволството) во комбинација со насобраниот стрес кај човекот.
Причината за тоа што секогаш кога сте нервозни или вознемирени посегнувате прво по благо, некое печиво или пица, може да биде тоа што не сте јаделе доволно на време, па мозокот бара глукоза, заради отсуството на шеќер во крвта и реагира со анксиозност за храна со брашно и шеќер, така што не размислува на квалитетот на храната.
Решение – во тие моменти, наместо да посегнете по храна, најдете активност што ќе ви ги оттргне мислите и водете се според некој план за исхрана.
Храната која не вклучува брашно има многу бенефити, како што е зголемување на енергијата, намалување на апетитот, регулирање на триглицерити и ниво на инсулин, подобрување на крвен притисок и кардиоваскуларно здравје.
Сепак, препорачлива е одредена количина на јаглехидрати и намалување на шеќерите наместо целосно исфрлање.
Во продолжение – детален план за исхрана за секој ден:
Понеделник
Појадок: шолја кафе со млеко, 100-150g свежо сирење и банана
Ручек: 150-200g туна со магдонос, лук и сол + салата од домати, црни маслинки и 50g свежо сирење со маслиново масло
Ужина: шолја чај со млеко, парче салама и парче свежо сирење со 2 оризови крекери
Вечера: 150-200g печено пилешко со половина компир, црвена пиперка и кромид + едно овошје по ваш вкус
*Пијте по 2 литра вода на ден
Вторник
Појадок: шолја чај со млеко, едно овошје, 6 ф’стаци (несолени), смокви или урми
Ручек: ќофтиња со прелив (кромид, магдонос, бибер и јајце) + марула со лук, лимон и семки по избор
Ужина: кафе, 150g природен јогурт, сува боровинка (или нешто слично), овес, семки од тиква, сусам и 3 бадеми
Вечера: крокети со спанаќ (направени со белка од јајце), со салата од брокула, морков и варено јајце со маслиново масло + овошје по избор
*Пијте по 2 литра вода на ден
Среда
Појадок:250ml сок од портокал и лимон, шолја чај со млеко, 4 ф’стаци (несолени) и банана
Ручек: 150-200g печено месо, шолја рендан морков, цвекло, ленено семе, сусам и 2 белки од јајце + овошје по избор
Ужина: зелен чај, парче суво месо, парче кашкавал или сирење
Вечера: 100-150g печен лосос со лимон, салата од зелка, сусам и чиа со маслиново масло
*Пијте по 2 литра вода на ден
Четврток
Појадок: 250ml сок од портокал, 6 ореви, урми, ф’стаци (несолени) или бадеми и кафе
Ручек: 200-250g печена риба со прокељ и бел сос (лук, лимон, маслиново масло, бибер и сол), 50g свежо сирење + овошје по избор
Ужина: шолја чај со млеко, 7 ореви или бадеми и овошје
Вечера: шолја леќа со лук, кромид, црвен пипер, кромид, парче димено месо, доматен сос + шолја овошна салата
*Пијте по 2 литра вода на ден
Петок
Појадок: шолја кафе со обезмастено млеко и засладувач + едно овошје и 2 оризови крекери со ниско-маслено сирење
Ручек: 200-250g парче месо со зеленчук (модар домат, морков, авокадо, кромид) + овошје
Ужина: шолја зелен чај и шолја овошна салата (мандарина, портокал, банана, кива, праска, цреши, јаболка)
Вечера: 150-200g печено пилешко со зеленчук (кромид, тиквица, пченка, бабура) и 50g моцарела сирење
*Пијте по 2 литра вода на ден
Сабота
Појадок: чаша ниско-маслен јогурт, парче сирење, салама и 3 ореви
Ручек: мешавина зеленчуци (спанаќ, морков, рикота сирење и авокадо) со компир-салата, јајце, магдонос и маслиново масло + овошје
Ужина: 150g јогурт и семки + 4 суви овошја (смокви, кајсии или урма)
Вечера: 200g печено парче месо со зеленчук (модар домат, морков, авокадо, кромид), ленено семе и сусам + шолја овошна салата
*Пијте по 2 литра вода на ден
Недела
Појадок: 250ml сок од портокал и цитрон, чај и 6 бадеми
Ручек: 200-250g риба со пченка и авокадо, зелена салата, домат и лажица семки + овошје
Ужина: банана, праска и црвени овошја со обезмастено млеко, лажица сусам, лажица овесни трици и засладувач по потреба
Вечера: 200-250g пилешко месо со зеленчук (црвена пиперка, пченка, тиквица, модар домат, морков, сусам) со соја сос + овошје
*Пијте по 2 литра вода на ден