Хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ денеска го разреши Дарко Хорват од должноста министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, на негово лично барање.
Информацијата за весникот „Јутарњи лист“ ја потврдил портпаролот на хрватската Влада.
Адвокатот Владимир Терешак, кој го застапува уапсениот Хорват, претходно изјави дека неговиот клиент на распитот се изјаснил за невин за злоупотреба на службената положба и оти обвинителството бара негов притвор.
Тој пред новинарите во Загреб изјави дека Хорват активно се бранел пред истражителите на Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) повеќе од еден час, а УСКОК побарал притвор за кој вечерва ќе одлучи истражен судија од загрепскиот Жупаниски суд.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.