Во изминативе неколку години се зборува и се пишува за здравиот живот повеќе од кога било порано. Но многумина не се сетиле дека постои едноставен, достапен и најчесто бесплатен еликсир за здравје и долговечност – пливањето.
Истражување од Универзитетот во Индијана покажало дека пливањето е благотворно за целиот организам. Истражувањето траело 30 дена, а во него учествувале 3.000 испитаници. Дури 92% од нив изјавиле дека пливањето им го подобрило расположението и им го зголемило нивото на енергија. 63% од испитаниците забележале дека ослабеле, а испитаниците кои имале проблеми со срцето изјавиле дека се чувствуваат многу подобро.
Овие резултати не се изненадувачки доколку се земе предвид фактот дека пливањето ги движи сите мускули во телото, без опасност од повреда. Покрај тоа, оваа активност го поттикнува ослободувањето на таканаречените хормони на среќа.
Пливањето ги зајакнува мускулите на срцето, а токму со ова се подобрува дишењето и телото добива повеќе кислород. Само 30-минутното континуирано пливање секој ден е доволно да стекнете кондиција и издржливост, нешта што значително го забавуваат процесот на стареење.
Пливањето има и позитивно влијание на работата на хормоните, а ова е еден од главните здравствени фактори, особено кај жените. Бидејќи со половина час пливање се трошат околу 320 калории, многу повеќе од пешачењето или возењето велосипед, станува јасно дека овој спорт е одличен и за вашата линија. Оптималната телесна тежина без сомнение е еден од условите, а можеби и показателите за добро здравје. Веќе знаете дека кога вашето здравје е во одлична состојба, вашиот живот ќе биде подолг, а за ова пливањето ќе ви биде од најголема корист.