ПОБЕДНИК? Вранишковски по 20 години се врати во МПЦ-ОА

На света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од Соборот на Српската православна црква (СПЦ) која се одржа во Св. Софија во Охрид, присуствуваше и основачот на ПОА, Јован Вранишковски.

Тој беше расчинет од МПЦ во 2002 година, а веднаш потоа беше формирана ПОА, која не беше призната во Македонија. Вранишковски беше осуден за ширење верска омраза и за проневера на пари од Поврдарската еперхија каде беше митрополит. Одлежа 5 години затвор, а сега се враќа во МПЦ како епископ и ќе му биде отстапен дел од Преспанско пелагониската епархија.

Тоа беше дел од договорот меѓу СПЦ и МПЦ за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.