Повредени шест патници и возач при нагло запирање на автобус

Седум лица се повредени, од кои едно потешко откако автобус нагло запрел. Несреќата се случила вчера на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, кога Ш.К.(45) од Скопје управувајќи со автобусот „даф“ нагло запрел, при што со повреди се здобиле шест патници и возачот.
-Со тешки телесни повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот и А.И.(60), Т.В.(24), Љ.Б.(21), Е.И.(20) и Ќ.М.(58), сите од Скопје, по што Ќ.М. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а останатите четири патници биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.