Погба ни е недостапен, сѐ уште е повреден и не знам која ќе се врати!

Иако дојде како големо засилување и тоа бесплатно уште летоска, Пол Погба сѐ уште нема настап за најтрофејниот италијански клуб во својот втор мандат, поради повреда за која ни тренерот Масимилијано Алегри не знае кога комплетно ќе се стави на располагање на тимот.

Погба во последниот период низ медиумите се споменуваше како некој што брзо и ќе си замине од Јуве и дека „старата дама“ планира да му го прекине договорот, но потоа од торинскиот гигант сето тоа го демантираа.

Ама, Алегри и по осум месеци откако Погба се врати – не може да смета на него.

„Пол Погба не ни е достапен. Не може да биде дел од тимот и жал ми е, ама ова е реалноста. Сѐ уште е повреден и не знам кога ќе се врати. Јас го чекам“, вели Алегри.

Пронајдете не на следниве мрежи: