Погледнете како изгледа животот во париски микро-стан од 12 метри квадратни

Животот во Париз е исклучително скап. Месечната кирија за гарсоњера од 30 квадрати во главниот град на Франција ќе ве чини во просек од 950 до 2.200 евра. Затоа се цени секој сантиметар слободен простор.

Затоа не е чудно што популарни се и т.н. микро-станови – единици од околу 10 квадрати кои повеќе личат на плакар отколку на простор за живеење.
Во вакви микро-станови обично нема место за бања и тоалет – тие најчесто се делат со другите станари во зградата. Но, со малку труд и имагинација, дури и овие микро-апартмани можат да се претворат во пријатен дом.

Погледнете како изгледа животот во париски микро-стан од 12 метри квадратни

Ова го демонстрирала архитектката Жули Набуше, која на неверојатен начин трансформирала стан од 12 квадратни метри во центарот на Париз во областа Монторгеј.
Целиот стан е добро дизајниран мултифункционален простор – од вградените полици може да се извлече кревет, кој по потреба може да се користи како кауч или фотелја за читање книги.

Кујната е визуелно одвоена од спалната соба со плакари кои го кријат бојлерот и обезбедуваат многу простор за складирање. Во микро-станот имало дури два квадрати за мини-бања, во која дизајнерката успеала да стави туш и тоалетна школка.
Како изгледа животот во париски микро-стан од 12 квадратни метри – погледнете во видеото на Кирстен Дирксен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.