Пејачката Нина Бадриќ (51) ги израдува следбениците на социјалните мрежи со својата убавина, но и со витката линија.Нина пред три години воведе нова диета и строго се придржува до неа. Имено, таа од исхраната ја исклучила храната од животинско потекло.– Од кога се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со претходните години кога не размислував толку за храната што ја јадев.– Долго време ја држам диетата на Новак Ѓоковиќ и многу блиски луѓе кои така се хранат со години и сè навистина има смисла. Мојата сила тројно се зголеми. И духот и телото. Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и на сите им препорачувам да го зајакнат имунитетот со здрава исхрана и затоа килограмите се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од овој тип на исхрана се навистина непроценливи за нашето здравје и живот – изјави Нина Бадриќ.Нина: „Не се справувам со погрешни одлуки“– Помина времето кога се занимавав со минатото и погрешните одлуки. Сега гледам само кон утре и се занимавам со она што го живеам. Секако дека направив грешки кои ме чинеа пари, но жалењето е губење време. Следниот пат ќе бидам попаметна! – изјави неодамна Нина.– Немам стравови. Од ништо и од никој не се плашам. Работам многу на себе и сфатив дека нашите стравови се недозболива работа. Она што треба да се случи, ќе се случи. Човек не треба премногу да се грижи за нешто што допрва треба да се случи. Всушност, лажам… Се плашам од змии и не сакам да ги среќавам со нив – додала потоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: