Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Пожаране (39 литри на метар квадратен), а најмалку во Скопје-Петровец и во Крива Паланка (3 литри на метар квадратен).
Утринава врнежите се пообилни во северозападните делови од државата, а во источните делови на места врнежите се престанати. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Максималната температура ќе се движи од 12 до 18 степени.
Поради продор на постуден воздух од север веќе од среда врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на планините и повисоките места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика позначителен пад на температурат