Поевтинуваат горивата 

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и дизелот  се намалуваат од 3,5 денари до 1,5 денари. Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светските пазари во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Најмногу се намалува цената на “еуросупер БС“-98, за 3,5 денари, а најмалку дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар. “Еуросупер БС“-95 се намалува за 3 денари.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на „еуросупер БС“-98 ќе биде 73 денари за литар, „еуросупер БС“-95 ќе се продава по цена од 71,50 денари за литар, а дизелот по цена од 67,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 56,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 денари за килограм и сега ќе се продава по 37,414 денари за килограм.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.