По повеќедневна борба со огнената стихија во природниот резерват „Таим“ во бразилската сојузна држава Рио Гранде до Сул, пожарот е ставен под контрола, јавија светските агенции.Пожарот избил во вторникот на непристапен терен, поради што било отежнато гасењето.Во гасење на пожарот, покрај бројните противпожарни екипи, вклучени се и два авиона.Директорот на природниот резерват, Енрике Илха, изјави дека со пожарот официјално се зафатени околу 2.000 хектари земја.„Кога изби пожарот имавме само 15 пожарникари на располагање, а сега ги има околу 80. Во гасењето се вклучени и два авиона чии резервоари може да носат 2.000 до 3.000 литри вода“, прецизира Илха.Според неговите зборови, доколку ги послужат временските прилики, пожарот може да биде изгасен за два до три дена.Резерватот „Таим“, кој покрива површина од околу 34.000 хектари, е еден од најважните истражувачки бази во Бразил, пренесуваат локалните медиуми.Сличен пожар се случил во 2008 година, кој е изгаснат по осум дена.
МакфаксПо повеќедневна борба со огнената стихија во природниот резерват „Таим“ во бразилската сојузна држава Рио