Грчките власти соопштија дека постојат сериозни индикации дека шумскиот пожар во близина на Атина, во кој досега животот го загубија 83 лица, е намерно подметнат.
Заменик министерот за јавен ред и заштита на граѓаните, Никос Тоскас изјавил дека анализата на сателитските снимки и инспекцијата на терен укажуваат дека пожарот, кој изби на повеќе места за кратко време, најверојатно е подметнат.
Портпаролот на грчката влада, Димитрис Цанакопулос рекол дека премиерот Алексис Ципрас дал инструкции за целосна истрага за пожарите, пренесе грчката агенција „Ана“.