Пожарот стигна до периферијата на Сплит, пламените јазици навлегоа во куќите, туристите бегаат

Пожарот што во доцните попладневни часови се прошири во областа Сринџин навлезе во куќите во северниот дел на сплитската населба Жрновница, соопшти пожарникарскиот оперативен центар на сплитската жупанија.

„Ситуацијата е многу сериозна, пламенот е навлезен меѓу куќите во северниот дел на Жрновница и пожарникарите прават напори да го локализираат“, изјавија за Хина од противпожарната станица, пренесе Јутарњи лист.

На местото на пожарот се испратени пожарникари од интервентните противпожарни станици од Задар, Сплит и Шибеник, а ангажирани се и пожарникари од окрузите Лика-Сењ, Шибеник-Книн и Задар и од градот Загреб, соопшти Хрватското противпожарно друштво.

На терен се повеќе од 130 пожарникари. Новинарите од Слободна Далмација сведочеа на терен дека сѐ повеќе туристи ги напуштаат становите во Жрновница и блиското место Подстрана во страв од ширење на пожарот.

Читателите од Жрновница испратиле драматични информации дека горат маслинови насади, а мештаните земале моторни пили и сечеле дрвја околу куќите за да не се прошири пожарот, јавува Слободна Далмација.

Полицијата се стационирала во близина на поранешниот каменолом Лавчевиќ, во месноста Жмињача, така што практично е невозможно да се влезе во местото од правец на Сплит.

Пожарот на отворен простор во месноста Жрновница што избувна синоќа од удар на гром во попладневните часови се разгоре, а од „Далмација Данас“ известуваат дека патот е затворен, жителите носат маски, а повеќето ги напуштиле своите домови.

ЛИНК од видео

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: