Пожар во близина на селото Црвени Брегови

Нов пожар е активен на територијата на општина Неготино, на потегот помеѓу поранешната фабрика „Македонија“ и селото Црвени Брегови, кај местото викано „Ѓорева лака“, информираше попладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

– На терен сум заедно со пожарникарите од ТППЕ – Неготино, кои интервенираат на лице место, во обид пожарот да биде целосно изгаснат и ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот се вклучени неготинските пожарникари и три противпожарни возила, соопшти Стојанов.

Во неготинско, пред извесно време, цели 13 дена беше активен пожар, што се гаснеше од земја и од воздух.

Пронајдете не на следниве мрежи: