МВР информира дека вчера (5 април) во 10.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ настанал пожар на плац од автомеханичарска работилница, сопственост на 58 годишниот гостиварец Т.З..
Екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
Увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.