Заменик-министерот за здравство Асим Муса изјави предмалку дека бремената жена која била патничка во автобусот е во стабилна состојба, објави Независен.
Рече дека сите повредени се примаат на Ургентниот центар за потоа да се распределат низ соодветни клиники.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека сите патници во автобусот кој падна во бездна, а потоа се преврте, се од Гостивар.
Автобусот патувал од Скопје за Гостивар, а се преврте во близина кај Карпалак.
Според последните информации 13 се загинати, седуммина биле починати на местото на несреќата, а другите починале подоцна на пат кон болница или по згрижување во болниците.
Меѓу повредените има во животно загрозувачка состојба.
Возачот на автобусот на компанијата Дурмо Турс е во добра здравствена состојба, но е во шок. Се очекува тој да помогне во расветлување на причините за оваа трагедија.