Џафар Џексон е избран да го глуми својот славен чичко Мајкл Џексон во нов биографски филм, што ќе го режира Антуан Фукуа.
Внукот на покојниот пејач бил избран по обемна потрага за актер низ цел свет.
Филмот со едноставен наслов „Мајкл“ ќе биде првата голема улога за 26-годишниот Џафар, кој е син на Џермејн Џексон, најстариот брат на Мајкл.
„Џафар е олицетворение на мојот син. Прекрасно е да се гледа како го носи наследството на семејството Џексон“, изјави мајката на Мајкл Џексон, Кетрин.
Не е познато дали воопшто ќе бидат вклучени обвинувањата за сексуално злоставување деца.