Девојчето по коешто попладнево трагаше гостиварската полиција е пронајдено мртво во водите на реката Вардар.
Како што пренесува АЛСАТ, станува збор за 17 годишната Џ.М.. Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во близина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња.
Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата.
Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организрано пребарување на коритото на Вардар.