Познат моден бренд ги затвора своите продавници по 60 години работа: Голем германски гигант прогласува банкрот

Германскиот моден синџир „Peter Hahn“ ги затвора повеќето продавници четири месеци по барањето за стечај.

Според локалните медиуми, компанијата се откажала од повеќето продавници и ќе продолжи да работи само со седиштето во Винтербах и две продажни локации. Се затвораат вкупно 17 продавници и експозитури, од кои три се во Швајцарија.

„Peter Hahn“ – компанија за онлајн нарачки, според германските медиуми, генерира само 4 отсто од вкупната продажба во продавниците и моментално е во процес на отцепување од претходниот сопственик. Компанијата има за цел во иднина да работи независно и да се фокусира на нови патишта.

Одлуката за продажба на повеќето продавници е дел од стратешкото преуредување на „Peter Hahn“ по стечајната постапка. Компанијата сака да се фокусира на попрофитабилни деловни области и да ја врати својата финансиска стабилност.

„Компанијата се стреми кон одржлив бизнис со фокусирање на онлајн нарачки и намалување на бројот на филијали. Затворањето на повеќето продавници претставува значаен чекор во реструктуирањето и е дел од напорите компанијата да се стави на цврсти темели за иднината“, велат од компанијата.

„Peter Hahn“ е основан во 1964 година во Винтербах и до неодамна имаше продавници низ цела Европа.

Модната куќа „Wormland“, да потсетиме, неодамна прогласи банкрот, а тоа е посебен шок за граѓаните на Минхен, бидејќи по банкротот на многу компании, ова е следниот проблем со кој треба да се соочи градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.