ПОЗНАТ СПОРТИСТ ПРЕДИЗВИКА БУРА: Ѓоковиќ мора да биде суспендиран, одбил допинг тест

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа непријатност пред мечот со Камерон Нори во Дејвис купот .

Новак, што е доста нетипично и не прави често, сакаше да тестира за недозволени супстанци непосредно пред почетокот на натпреварот, поради што се спротивстави.

Обвинение за убиство за 33-годишник од Штип
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се …
Еве колку заработува Мараја Кери секоја година од „All I Want For Christmas Is You“: Сумата ќе ве шокира (Видео)
Неколку работи укажуваат на сезоната на празници повеќе од празничниот хит на …

Секако, поради ова деновиве трпи жестоки критики од светот на спортот, а сега се огласи и поранешниот француски велосипедист Марк Мадио, кој смета дека Новак треба да биде суспендиран бидејќи одбил комплетен тест.

– Секогаш поддржував тестирање себеси или било кој, но не пред натпреварот. Што ќе промени? Ќе бидам таму, ќе ме тестираат кога ќе заврши натпреварот. Имам тест на крвта. Се надевам дека ќе ја промени својата одлука – изјави Ѓоковиќ по мечот со Нори во четвртфиналето.

Мадио вели дека никој нема право да одбие тестирање и посочува дека има два вида на тестирање, пред и по натпреварот.

– Имаме контролно правило пред и по натпреварот. Тој падна на преднатпреварувачкиот тест. Ако антидопинг телото си ја врши работата, господинот Ѓоковиќ мора да биде суспендиран. Тој одбил тест пред натпреварот, го направил после. Во возењето велосипед се тестирсте, ако не успеете, тестот е позитивен. Ако тестот е позитивен, ќе бидете казнети. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило – рече Мадио како гостин во радиото „RMC“ и додаде:

– Во асортиманот на допинг производи има производи кои можат да се откријат за исклучително ограничено време. Ако не тестирате пред почетокот на натпреварот, времето во кое се натпреварувате ви овозможува да ги елиминирате трагите од допинг производи. Затоа беше воведено тестирање пред натпревар. Реално е дека е предупреден. Тоа веќе не е случајна проверка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.