Пејачот Дарко Лазиќ по разводот со Ана Севиќ ретко може да се види со неговата ќерка Лорена која ја има од првиот брак со Ана, а поради тоа се жалеше и преку медиумите.
Пејачот потоа со својата нова свршеница Марина Гагиќ го доби својот прв син Алексеј, а по сите написи во медиумите дека Ана и забранува на нејзината ќерка да го запознае братот, овој пат пејачот нема право да се лути.
View this post on Instagram
Дарко овој пат на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која се гледа дека овие денови таа е на гости кај својот татко запознавајќи се со своето ново братче.
Парот на фотографијата лежи во кревет заедно со нивните две деца.