Полетуваат авионите од скопскиот аеродром, одложено слетувањето на авионот од Истанбул

Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување.

На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување.
Следното слетување на аеродромот е после 11 часот.

Изутринава магла имаше во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Во Скопје претпладнево има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот завчера до девет часот изутрината вчера беа откажани девет лета, а четири пренасочени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.