Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да надмине две големи политички пречки за да освои уште една позиција во раководството на ЕУ, пишува бриселски Политико.
Прво, таа треба да ја добие поддршката од квалификуваното мнозинство од 27-те лидери на ЕУ на масата на Европскиот совет за време на постизборниот состанок на крајот на јуни, и второ, таа мора да обезбеди најмалку 361 глас од 720-те европратеници за потврда изборот на лидерот за време на следното, тајно гласање во парламентот.
Анкетите покажуваат дека централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) на Фон дер Лајен ќе биде најголемата единствена група во парламентот по изборите, со 170 места, а за да обезбеди мнозинство ќе мора да направи отстапки за другите големи центристички групи – Социјалисти и либерали – во постизборна трговија.
Бриселскиот портал оценува дека договорите ќе зависат од тоа кои земји ќе добијат водечки работни места во Брисел, пред се трговско-економски позиции во комисијата, како и од тоа кои политички партии ќе добијат водечки улоги во парламентарните комисии.
Дури и тогаш мораме да ги извадиме нашите калкулатори и да проучуваме како се собираат бројките“. Може да се обложите дека фон дер Лајен ќе го стори токму тоа“, заклучува Политико.
Порталот наведува и дека доколку успее да ја обезбеди поддршката од ЕПП, либералната група, социјалистите и демократите, таа би изнесувала околу 390 пратенички места, што би обезбедило преминување на прагот од 361, но дека не е така едноставно.
Експертите и политичките инсајдери предупредуваат дека дури и ако партиските лидери им наложат да ја поддржат Фон дер Лајен, нешто повеќе од 10 отсто од пратениците во секоја од овие групи веројатно ќе се спротивстават или ќе се воздржат на денот на гласањето, што би можело да ја намали нејзината поддршка на 351, што е 10 помалку од критичниот број.
Политико наведува, повикувајќи се на неименувани извори, дека стапката сигурно ќе биде повисока од 10 проценти, дури и во рамките на ЕПП, наведувајќи како пример дека во претходните гласања „стапката на бунт“ била меѓу 13 и 28 проценти.
Тоа го поткрепува и фактот што на конгресот на ЕПП, одржан во Романија во март, 18 отсто од 499-те делегати рекле „не“ на фон дер Лајен, заклучува „Политико“.