Не стивнуваат реакциите за ОДНЕСУВАЊЕТО на швајцарската политичарка Санија Амети, која додека вежбаше стрелање пукаше во ликот на Богородица со Исус.
Младите на десничарската швајцарска народна партија поднеле кривична пријава против Амета за нарушување на слободата на вероисповед и богослужба, соопштија вчера од партијата. Николас Римолди, основачот на движењето Mass-Wall, започнато како протест против пандемиските мерки, исто така најави дека ќе поднесе тужба.
Откако швајцарскиот дневен весник Blick објави за сликите што Амети ги објави на Инстаграм во неделата, на 32-годишната политичарка не и требаше многу време да одговори на критиките. Ги избришала сликите и напишала дека не е свесна што направила и побарала прошка.
Таа поднесе оставка, најверојатно ќе биде исклучена од партијата.
Поради критиките, Амети поднесе оставка од раководството на зелените либерали во Цирих.
Партијата, исто така, ја разгледува постапката за исклучување, според извештајот на швајцарскиот јавен радиодифузен сервис СРФ.
„Според мислењето на раководството на партијата, натамошното членство на Санија Амети во зелените либерали би му наштетило на угледот на партијата. За да се спречи натамошна штета, партијата бара итно да се покрене постапка за исклучување“, велат од партијата.
Иако некои медиуми објавија дека по потекло е од Косово, во нејзината биографија стои дека е родена во Босна во 1992 година и дека со родителите во 1995 година побегнала во Швајцарија, а самата во интервју за „Албанска пошта“ изјавила дека не е Албанка, но има роднини од Косово.