ПОЛИЦАЈЦИ НАПАДНАТИ НА БИТ ПАЗАР: Против напаѓачот поднесена кривична пријава

34-годишен скопјанец физички нападнал полициски службеници од Полициската станица Бит пазар. Против напаѓачот е поднесена кривична пријава.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.С.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

На 15.04.2024 полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле физички нападнати од пријавениот“ – стои во известувањето од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.