Голема полициска акција во моментов се случува пред трговскиот центар “Зебра“ во скопски Капиштец. Очевидци за Press24 велат дека пред малку, полициски службеници уапсиле едно лице во кафулето во трговскиот, откако кај него пронашле плав плик во кој веројатно имало пари.
Според информациите до кои дојде Press24 од очевидци, мажот на возраст од околу 50 години седел во кафулето кога му пришло едно лице. Седнало на неговата маса и му предало син плик. Веднаш по тоа во кафулето влетала полиција и го уапсила мажот.
Во моментов, како што информираат очевидци, приведениот е пред кафулето каде полицијата го има спуштено на колена и му ставила лисици. Од МВР се уште не можеме да добиеме официјална потврда за случајот ниту пак за идентитет на приведениот.