Непознати напаѓачи ноќта кон неделата ја нападнале полициската станица во близина на Акропол во грчката престолнина Атина, соопшти во неделата полицијата.Околу 20 луѓе врз полициската станица фрлила седум молотови коктели, а потоа исчезнале. Пожарот што избувнал не предизвикал поголеми оштетувања на објектот, но целосно изгореле два мотоцикла паркирани во близината. Нема повредени во инцидентот.На крајот од февруари група од околу 30-ина лица, исто така, доцна во ноќта полициска станица во атинскиот кварт Егзархија, а пламенот го оштети влезот во полициската станица и неколку патролни возила.Квартот Егзархија е популарен меѓу анархистите и таму повремено доаѓа до судири со полицијата, а во Грција, особено во Атина има повеќе групи коишто повремено ги напаѓаат полициските станици.
МакфаксНепознати напаѓачи ноќта кон неделата ја нападнале полициската станица во близина на Акропол во грчката престолн