Полициски час до 23-ти Мај, од следна недела отворање на трговски центри

Полицискиот час да биде на сила уште две недели до 23 мај, но од следната недела да почнува од 21 часот предлага Комисијата за заразни болести до владата, дознава Слободен печат.
Ограничувањето на движењето неделава да остане исто како и досега, но од следната недела полицискиот час да почне од 21 часот.
Информациите се засега неофицијални, а Комисијата се очекува да ги објави утре.
Трговските центри и кафеаните да работат од 10 до 18 часот освен во недела, со посебен протокол. Пробувањето на облека во трговските центри ќе биде забрането.
Актуелниот полициски час останува до крајот на неделата. Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките. Комисијата за заразни болести на Владата и` препорачала органичувањето на движењето да продолжи да важи до 23-ти мај, но од понеделник граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршуавање на дневните обвски.


Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време. Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела. Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат меѓусебно растојание од 1,5 до 2 метри. По еден купувач на 15 метри квадратни, а пробувањето облека ќе биде забрането. Доколку на касата нема можност од растојание од два метри фирмата е должна да постави плексиглас, а продавницата мора да се дзинфицира 4 до 5 пати во текот на работното време..
Кафеаните и рестораните на почетокот ќе може да работата до 18 часот, но во функција ќе бидат само терасите, бројката на гости ќе се ограничи, а ќе се служат само оние кои седат. Свадби и крштевки се забранети. Одговорено лице мора да стои пред влезот на објектот за да го регулира протокот на гости. Најмалку 9,6 метри квадрати е просторот кој ќе смее да зафаќа една маса за 4рица гости и на секоја маса ќе мора да изма средство за дезинфекција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.