Полицијата ги потсети возачите во Гостивар да паркираат совесно и одговорно






Денеска (14 април) на неколку локации во централното градско подрачје во Гостивар, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, спроведоа превентивна активност на тема „Паркирај совесно – паркирај одговорно“.

МВР соопшти дека за време на активноста, чија што цел беше подигнување на свеста и сообраќајната култура, на возачите им беа поделени летоци со информативно – едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.

Исто така, на возачите им беше укажувано дека неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите, така што почитувањето на овој дел од сообраќајните нормативи е од големо значење за генералната сообраќајна безбедност во урбаните средини.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: