Полицијата спречила инцидент на “Партизанска“

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Л.(26) од скопското село Грчец, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
МВР денес соопшти дека во неделата вечер околу 23:40 часот на булевар “Партизански одреди“, при преглед на патничко возило “Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол со една рамка со пет куршуми калибар 9 милиметри. Пријавениот оружјето го поседувал без дозвола и бил лишен од слобода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.