Регулаторната комисија за енергетика одлучи да се зголемат рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,03%, односно за 1,98% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Р. Македонија од 17-ти овој месец.
Согласно најновата одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,399 ден/кг и од полноќ ќе изнесува 35,750 ден/кг.