Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, бензините поскапуваат од 0.5, до 1.00 денари, а цената на дизелот останува иста. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.98 проценти.
Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5, односно 1.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 62.50 и 64.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува иста и еден литар дизел гориво и понатаму ќе се продава за 60 денари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.