СТИГА ЗАСИЛУВАЊЕ | Полска во наредните денови ќе испрати четири авиони МИГ-29 во Украина

Полска во наредните денови ќе и испрати на Украина четири борбени авиони МИГ-29, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, со што таа земја ќе стане првиот сојузник на Киев што обезбедил такви авиони.

Полска во наредните денови ќе испрати четири авиони МИГ-29 во Украина

Варшава, како еден од најистакнатите поддржувачи на Украина, презеде водечка улога во убедувањето на понекогаш колебливите сојузници да му обезбедат тешко вооружување на Киев.

„Буквално во следните неколку дена ќе и предадеме на Украина, како што се сеќавам, четири авиони, кои се целосно подготвени, а останатите се сервисираат“, рече Дуда и додаде дека Полска има 10 до 20 авиони МИГ- 29. 

Пронајдете не на следниве мрежи: