Култниот филм го одбележа нашето детство, а ние секогаш со задоволство го гледаме повторно за време на новогодишните и божиќните празници.
Поминаа 32 години од филмот „Сам дома“: Еве како изгледаат денес крадците Марв и Хари! (ФОТО)
Даниел Стерн и Џо Пеши – Авторски права Profimedia
Поминаа 32 години од снимањето на познатиот филм „Сам дома“. Филм за сите времиња, кој ја воодушеви и помладата и повозрасната публика, на многумина им го одбележа детството и се гледа до ден денес.
Освен божиќни украси, снег, мирис на варено вино, колачи и божиќни песни, асоцијација на деновите што претстојат дефинитивно е филмот „Сам дома“. Овој филм традиционално со години се прикажува на телевизија, а иако сме го гледале безброј пати, за време на новогодишната атмосфера со задоволство го гледаме повторно.
Џо Пеши и Даниел Стерн се стекнаа со слава глумејќи не толку светли крадци во популарниот филм „Сам дома“. Иако Хари и Марв ги паметиме како млади ликови, денес и двајцата се постари и изгледаат многу поинаку отколку во популарниот филм кој ги прослави.
Џо Пеши го играше Хари, кој со Марв го сочинуваше познатото дуо „Вет бандитс“, а денес има 79 години. По богатата актерска кариера се пензионира во 1999 година и оттогаш само повремено се појавува во филмови.
Денес тој изгледа сосема поинаку, но ја задржа препознатливата насмевка и изразот на лицето по кој го паметиме.
Даниел Стерн денес има 65 години. Иако глумеше во бројни комедии, тој е најпознат по улогата на Марв во филмовите „Сам дома“. Покрај глумата, Даниел пишува и сценарија и режира, а една од последните улоги му е во серијата „Шрил“.
Што се однесува до приватниот живот, тој од 1980 година е во брак со Лаура Матос, со која има три деца, син и две ќерки. Инаку, неговиот син Хенри е сенатор од Калифорнија, додека Даниел во 2009 година ја доби наградата „Call to Service“ од поранешниот американски претседател Барак Обама за волонтерска работа.

Во интервју за The Hollywood Report, тој се потсети на филмот кој го прослави.
-Како да се занимаваме со некој спорт, па повредите со кои се здобивме на снимањето не ни повредија. Силно ме удри во носот, кој потоа искрвари, кога морав да ја протнам главата низ вратата од кучето на влезната врата. Морав брзо да ја извадам главата, но се заглавив со големиот нос – низ смеа се присетува Даниел.
Даниел исто така истакна дека не е во контакт со актерот Маколи Калкин, кој го играше малиот Кевин, но останува пријател со Џо Пеши, за кого смета дека е одличен актер.