Попзлатанов по шест месеци во Вардар се врати во Македонија ЃП

Некогашниот младински македонски репрезентативец Јован Попзлатанов по шест месеци минати во Вардар, повторно се врати во Македонија ЃП и ги засили „лавовите“ за пролетниот дел од оваа фудбалска сезона.

Попзлатанов играше во минатата сезона за ѓорчепетровци и беше дел од тимот кој го освои Купот на Македонија, па летоска повторно потпиша за Вардар, но по само една полусезона и големата финансиска криза со која се соочува најголемиот македонски бренд, реши пак да замине од црвено-црните и да се врати во претходниот клуб.

Попзлатанов беше дел од Вардар во периодот од јануари 2018 година до јануари 2021 година, по што замина во летонски РФС, а оттаму во Македонија ЃП. Претходно беше дел од Тетекс и Пелистер.

Пронајдете не на следниве мрежи: