Утринава во зградата на Македонска радио телевизија се случи поплава. Вода тече низ зградата од замрзнати и пукнати цевки од горните катови по скалите, што предизвика вознемиреност и паника кај вработените. Работи само еден лифт и настаната е турканица поради тоа што во зградата се сместени повеќе државни институции во кои има голем број на вработени.
Пред зградата има и противпожарно возило, за секој случај, да не дојде и до пожар зошто не се знае каде се ќе пробие водата, објави Досие.мк.