Поради појава на магла намалена видливоста се бележи на патните правци Тетово – Групчин на 20 до 30 метри, на Куманово – Скопје 50 до 60 метри и на Катланово – Велес на 50 до 100 метри.
На останатите државни патишта сообраќајот на се одвива по претежно суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, што ќе трае до 15 март 2023 година.