За да го придобијат мажот, често се користат методи кои имаат спротивен ефект. Следниве методи не само што ќе го одбијат потенцијалниот партнер, туку и многу е веројатно дека ќе помислат дека вашиот коефициент на интелигенција нема висока вредност или дека сте многу очајни.
Еве што не треба да правите:
Грешка број 1 – Многу сум секси
Фотографиите на социјалните мрежи ги менувате неколку пати на ден и сѐ е во стандардна положба – малку кожа, особено во делот на деколтето, комплетна шминка и секако неизбежно полни усни. Секогаш кога сте фул средени, сликата мора да се појави на Facebook и Instagram, бидејќи сакате да бидете сигурни дека оној што ви се допаѓа ќе ве види само во најдобро издание.
Добивате лајкови, но не и од него. Убедени дека сте неодоливи, постојано ги проверувате нотификациите и сте сигурни дека тој не реагира само затоа што сака да ве полуди и да се прави недостижен. Потоа доаѓа фазата во која мислите дека треба да се потрудите повеќе и да објавите уште попровокативни фотки… Но, не, сосема неточно и погрешно. Не ја правете секогаш истата грешка. Направете пауза од социјалните мрежи и преправајте се дека сте недостижни за промена. Исчезнете некое време.
Грешка број 2 – Достапна сум
Му праќате пораки, му се јавувате, му лајкате сѐ што ќе објави, а тој не прави ништо. И тогаш „еднаш во сто години“ ви праќа порака и сте пресреќни, мислејќи дека можеби вашиот труд вроди со плод. Веднаш одговарате и иницирате понатамошен разговор, но не постигнувате успех.
И ништо, чекате да ви пише или да ви се јави, а тој знае дека секогаш во рекордно време ќе добие одговор од вас, дури и повеќе од еден одговор. Во основа, секогаш кога ќе стапи во контакт, секогаш сте таму. Погрешно! За промена, обидете се барем еднаш да не одговорите на порака или да не се јавите.
Грешка број 3 –Каде е тој, таму сте вие
Обожавате да излегувате и мислите дека излегувањето е еден од најдобрите начини да се запознаете, па и да има малку алкохол, ќе бидете поискрени и послободни. Местото каде што ќе излезете најчесто го избирате врз основа на тоа каде се наоѓа тој, па секогаш се случува да сте на истото место како „случајно“. Се дотерувате од глава до пети и после цела ноќ чекате дали ќе се појави. Неговите пријатели се таму, но не и тој. Веднаш ви се расипува вечерта, но вие во контра – почнувате лудо да се забавувате за да ве видат неговите пријатели и да му пренесат. Погрешно! Пријателите нема да му кажат, а вие сепак потрудете се да се забавувате со вашето друштво.
Грешка број 4 – Пијана сум и подготвена на сѐ
Во оваа фаза, подготвени сте да кажете буквално сè, а потоа да се оправдате колку сте биле пијани. Способни сте да направите сцена, да му кажете дека е безобразен и дека ве врти околу малиот прст како што сака. Но, каењето најчесто доаѓа подоцна кога ќе сфатите што сте му кажале или каква порака сте му испратиле, а потоа е време за нова грижа – да не сте го навредиле и дали после тоа ќе ви одговори повторно. Се обвинувате себе си и размислувате да му напишете порака со извинување. Се извинувате и пак ништо. Тогаш почнувате да плачете. Погрешно! Во овој случај, најдобро е да го „заборавите“ телефонот дома.