Пораката на Мухамед Зекири до македонските ракометари

Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири веднаш по поразот на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во клучниот меч против исландската селекција им испрати порака на нашите ракометари. Во неа тој ги советува ракометарите во иднина повеќе да се занимаваат со спорт, а помалку со политика.
– Во иднина повеќе со спорт отколку со политика да се занимаваат спортистите МК”, напиша Зекири на својот профил на Фејсбук.
Пораката на Зекири е упати на одредени ракометари од националниот тим по завшруваше на првата фаза од Мундијалот во Германија и Данска. Најдобрите македонски ракометари не се пласираа во вториот круг и сега во Келн ги продолжуваат мечевите за разигрување од 13. до 16. место.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.