Поранешен британски полицаец е осуден на доживотен затвор откако се изјасни за виновен за повеќе од 100 сексуални злосторства врз деца.
Казната не може да се ублажи додека не се отслужат најмалку 12 години. Осуденикот измамил, се заканувал и уценувал повеќе од 200 млади девојки да му испратат непристојни фотографии на апликацијата Снепчет (Snapchat).
- Снег ја затрупа Јужноафриканската Република
- (Видео) Премиере, еве како да го вратиш името – Сајбер Команда со Филип Петровски вечерва во 21.30!
- Франција има нова влада по неколкунеделната политичка неизвесност
- Израелската војска соопшти дека погодила „илјадници“ ракетни лансери во Либан
- Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
- ССМ бара итен раст на платите: Минималната синдикална кошничка повторно ќе се зголеми
- Камала Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен за дебата, го повика и Трамп да прифати
- Државјанин на Велика Британија најден паднат со повреди во подземна гаража во Аеродром
- Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца
Обвинителите велат дека 24-годишниот Луис Едвардс целел на 210 девојчиња на возраст од 10 до 16 години, преправајќи се дека е тинејџер. Ги измамил да споделуваат свои непристојни фотографии, а потоа им се заканувал ако одбијат да не ги разоткрие.
Едвардс се приклучил на полицијата во Јужен Велс во 2021 година и бил активен службеник кога ги извршил повеќето прекршоци. Тој беше уапсен во февруари и оттогаш се изјасни за виновен за околу 160 точки од обвинението за сексуални престапи и изнуда на деца.
Според обвинителите, во еден од случаите, Едвардс се заканил дека ќе ја крене во воздух куќата на жртвата и ќе ги застрела нејзините родители доколку таа престане да му испраќа фотографии.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.