Поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал го повика муслиманскиот свет да протестира в петок за поддршка на Палестинците и соседните земји да се приклучат на војната против Израел.
„В петок мораме да одиме на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет“, рече Мешал, кој моментално ја води канцеларијата на дијаспората на Хамас, во порака испратена до западни новински агенции.
Тој изјави и дека владите и народите на Јордан, Сирија, Либан и Египет имаат голема должност да ги поддржат Палестинците.
- Струмица ќе го напушти ЗЕЛС
- Претседателските избори во Белорусија закажани за 26 јануари 2025 година
- Калајџиев: Комисијата за помилување дава само мислење, Претседателката го дава последниот збор
- Лидерите на Индија и Кина на прв состанок по пет години
- КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска се слави Св. апостол Филип
„Ова е моментот на вистината, вие сте блиску до границите и сите знаете каква е вашата одговорност“, рече Мешал, кој се наоѓа во Катар.
Јордан и Либан се земјите со најголем број палестински бегалци.
„За сите оние кои предаваат џихад… за сите оние кои предаваат и учат, ова е моментот да се применат (теориите)“, рече високиот претставник на Хамас.
Мешал го упати повикот кога Израел најави дека ќе го засили својот одговор на нападот на палестинската група со преземање копнена офанзива.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.