Трошоците на живот во април годинава бележат раст од 0,3 проценти во однос на претходниот месец, а во однос на април лани 1,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените подтоци трошоците на живот во април во однос на претходниот месец бележат раст од 0,3 проценти, а во однос на април лани три проценти.
Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 3,6 отсто, замрзнатото овошје за 1,2 отсто, другите преработки од месо за 0,9 отсто, месото за 0,7 отсто, другите прехранбени производи за 0,6 отсто, млекото за 0,5 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 отсто, трбушките и цигарите за 0,3 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2 отсто.
Во април 2018 година пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 2,8 отсто, болничките услуги за 2,6 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,1 отсто, велосипедите за 1,6 отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1,3 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, услугите за рекреација и спорт за еден отсто, поправките на електричните апарати за 0,9 отсто, малите електрични апарати зa 0,6 отсто, мебелот за домаќинствата за 0,4 отсто, средствата за чистење и одржување на станот, авионскиот превоз на патници за 0,3 отсто, обувките, материјалите за одржување и поправки на станот, алатитe и опремата за куќа и градина, другите медицински производи, телефон и телефакс-апаратите и телефон и телефакс-услугите, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи за 0,9 отсто, брашното и другите жита, рибата и морските плодови за 0,4 отсто, оризот, другите пекарски производи, житата и јајцата за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај туристичките пакет-аранжмани за 7,5 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 1,4 отсто, книгите за 1,3 отсто, автомобилите за 1,1 отсто, другите лични предмети за 0,4 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,3 отсто, информатичката опрема и услугите за лична хигиена за 0,2 отсто.