Делегациите на сите 43 земји што ќе се натпреваруваат на годинашната „Евровизија 2018“ се веќе собрани во Лисабон, каде што од вчера започнаа и првите проби на сцената во арената „Алтис“.
После вчерашните десет први полуфиналисти од првата полуфинална вечер, утрово први на сцената се „изгубија и пронајдоа“ токму нашите „Ај кју“, кои конечно ги гледаме во полн состав со тапанарот Иво Митковски и придружните вокали Антонија Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска.
Но она што го привлече вниманието е облеката на нашата претставничка и истиот стајлигн доби илјадници коментари под фотографијата објавена од официјалната страна на Евровизија.
А еден од најинтересните гласи „не се труди да победиш на Евровизија, само покажи го твојот задник“, погледнете.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.