Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама изјави дека се чувствувала изгубено и осамено кога пред 20 години имала спонтан абортус како и тоа дека после тоа отишла на ин витро оплодување.
Таа во интервју за телевизијата ABC рекла дека се чувствувала неуспешно поради тоа што не знаела колку спонтаните абортуси се вообичаени, бидејќи за тоа не се зборува толку многу.
Наведе дека таа и Барак Обама морале да направат ин витро оплодување за да ги зачнат ќерките Саша и Малиа.
Во своите мемоари, под насловот “Becoming”, кои треба да бидат објавени во вторник, Мишел отворено говори за животот во Чикаго, соочувањето со расизмот во јавниот живот, како и предизвикот кој ѝ претстоеше, првата црнка во историјата која стана прва дама на Америка.
Мишел Обама, исто така зборуваше и за почетните проблеми во бракот кога Барак ја започна својата политичка кариера.